На Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ќе се одржи презентација на активностите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје.

Ќе биде претставен и ГЕФ проектот: „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето на намената на земјиштето”.

Најавено е учество на претставници на научната јавност, градоначалници на општините кои гравитираат кон ова подрачје, на меѓународната заедница и на невладини организации и медиуми.