x

Шарлероа под истрага од УЕФА за мечот со Партизан

sarleroa

Белгискиот тим Шарлероа, се најде под истрага од страна на УЕФА, поради слаба организација на мечот со Партизан во Лигата на Европа.

Белгијците го добија натпреварот, но не може да бидат нималку среќни, откако им стигнало писмо од европската куќа на фудбалот, која покренува истрага поради присуство на навивачи пред стадионот каде се играше натпреварот.

Навивачите не ја почитувале социјалната дистанца, а делегатот тоа го забележал, и УЕФА веднаш покренува истрага.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата