Секс симболот на тенисот, Марија Шарапова, смета дека треба да прекине со секакви љубовни романси се додека атакува на првото место на светската ранг листа, информира рускиот Интернет сајт. Италијанските новинари и помагаат на Маша во спроведувањето на одлуката. Репортерите се обидоа да ги анализираат подемите и падовите во нејзината кариера. Притоа констатираа дека најубавата спортистка на светот според магазинот ПХМ, секогаш имала неуспеси за време на нејзините сериозни врски.
“Кога Шарапова се забавуваше со американскиот колега Енди Родик резултатите не и беа ништо посебни. Но, подоцна двајцата се разделија. Велат дека тенисерот се определил за некоја Сабрина пред руската убавица. По ова Маша играше во финалето на речиси секој турнир на кој учествуваше. Како тргнала, наскоро ќе се врати на врвот во светскиот тенис. А, Енди порано или подоцна ќе жали што ја пропуштил својата среќа”, коментира рускиот сајт. Во моментов Марија Шарапова е четврта во светот. Таа секогаш тврдела дека кариерата за неа е на првото место. И никогаш досега официјално не го претставила во јавност својот пријател. Првото момче со кое жолтиот печат ја улови Маша беше фронтменот на Магооп 5, Адам Ливајн. Вљубените тврдеа дека цели шест месеци ги одбегнувале параците, пред искрите меѓу нив да бидат забележани.
Романсата на убавата Русинка со ѕвездата на машкиот тенис Енди Родик беше прикривана со изговорот: “Ние сме само пријатели и колеги”. Така двајцата ги објаснуваа обиколките на баровите, вечерите по ресторани, капењето во базени, прошетките по градовите, каде се играа турнирите за мажи и жени.