Еден од најпопуларните американски магазини, “Пипл”, вчера ја објави својата традиционална листа на “50 најубави луѓе на светот” за која гласаа околу 500. 000 читатели. Иако јавноста се уште не знае дали Анџелина Џоли и Бред Пит навистина се во љубов, двајцата засекогаш ќе ја делат наградата за најубавите луѓе за 2005 година. Меѓу останатите на оваа престижна листа од светот на спортот се издвојуваат капитенот на англиската фудбалска репрезентација и фудбалер на мадридски Реал, Дејвид Бекам, како и руската тенисерка Марија Шарапова, актуелната победничка на Вимблдон. Интересно е дека Џулија Робертс, по рекорден трети пат ќе се најде на насловната страница на анкетата, а деветти пат во официјалната конкуренција. На листата, натаму се добитниците на годинешниот Оскар, Џејми Фокс и Хилари Свонк, потоа Џенифер Лопез, Алиша Кијс и Ашер, а кај љубовните двојки најмногу гласови добија: Сил и Хајди Клум, Пенелопе Круз и Метју Меконахју, како и Џад Ло и Сиена Милер.