x

Шарапова за допингот: По препорака на руски лекари мојот татко ме советуваше да ја земам таа супстанца!

sarapova

Некогашната светска тенисерка бр.1 Марија Шарапова, се присети  како дојде до тоа да биде 15 месеци надвор од тенисот по допинг скандалот. Интересно е тоа што убавата Русинка десет години ја земала супстанцата мелдониум, кој подоцна се покажал дека е забранет и затоа дојде до проблемот во 2016 година.

“Тоа утро се подготвував и се осеќав како да се подготвувам за натпревар. Ми беше тешко да мислам дека мора да се соочиш со светот и да кажеш дека си зае*ал се што можеш“ вели Шарапова.

Инаку таа вели дека мелдониумот го земала по препорака од руски лекари.

“Кога бев помлада моето здравје не беше најдобро. Иако живеевме во САД мојот татко бараше лекари во Русија за решавање на проблемот. Сепк тој лекар немаше искуство со спортисти, направи неколку испитувања и потоа состави список на лекови кои можам да ги земам. Јас тој лек го користев десет години. Дури после се утврди дека е забранет. На крај мора да ја преземеш одговорноста кога знаеш дека си направил глупост“ подвлече Шарапова.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата