Шампињони со мелено месо
Потребно е:
20 г сушени шапињони,
едно парче тост,
2 лажици млеко,
2 китки власец,
чешне лук,
половина китка магдонос,
250 гр јунешко мелено месо,
рендана кора од половина лимон,
1 жолчка,
2 лажици сенф,
сол,
бибер,
2 лажици маслиново масло,
2 лажици џин, 400 мл прелив за месо.
Подготовка: Шампињоните се оставаат околу 30 минути во 350 мл топла вода, додека не набабрат. Тостот се сече на коцки и се потопува во млеко, власецот и кромидот се чистат и ситно се сечкаат. Се оставаат неколку гранчиња магдонос за украсување. Меленото месо се меша со лук, со рендана кора од лимон, со кцкичките тост, жолчка, лут сенф и сечкан власец. Се се посолува и побиберува, и потоа смесата се меси, додека не се изедначи. Со влажни раце од добиената смеса се прават топчиња, се загрева лажица масло во тава, па на него се пржат топчињата мелено месо додека не добијат кафена боја. Лажица масло се загрева во тенџере, па се динста преостанатиот власец, а шапињоните се вадат од водата и се сечкаат. Му се додаваат на власецот и се заедно се динста. Полека се додава џинот со постојано мешање. Чорбата се цеди од печурките и во неа се долива преливот за месо. Се остава добиената смеса да се вари најмалку уште 5 минути.