x

Шампионската прослава на Лејкерс причина за вртоглав раст на заразени со Ковид-19 во ЛА

lakers-party

По вртоглаво зголемување на бројката на заразени со Ковид-19 во областа на Лос Анџелес во последните неколку недели, здравствените власти веруваат дека прославата на шампионската титула на Лејкерс може да биде, делумно, одговорна за брзото ширење на оваа нова епидемија.

Одделот за здравство во округот Лос Анџелес смета дека е „многу веројатно“ дека прославите што следеа по победата на Лејкерс во НБА финалето над Мајами Хит, што се одржа на 11 октомври, придонесоа за зголемување неодамнешни случаи. Округот имаше просек од нешто помалку од 1.000 нови случаи на ден во почетокот на октомври, а сега бројката на заразени се искачи на над 2.000 на ден.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата