На стартот на 15. Светско првенство во Јапонија, во кошарка се случи големо изненадување. Третопласираниот од квалификациите во Африка, тимот на Нигерија навидум аутсајдер на хартија, славеше голема победа против актуелниот светски првак од Индијанаполис 2002 година, СЦГ од 82:75. Бројните грешки во додавањето и реализирањето на тројки придонесе подмладениот состав на СЦГ да загуби непланирани два бода во групата “Аè
– Не фатија на спиење и бевме изненадени. Загубивме заслужено бидејќи игравме против еден одличен состав, исклучително подготвен, со одлични атлети. Ние тоа го знаевме, но не успеавме да го сопреме нивниот скок, посебно во нападот и дефинитивно тоа го реши мечот, признава капитенот на СЦГ Игор Ракочевиќ, единствениот во поразениот состав со двоцифрен број на поени , вкупно 20.
Недоволно опоравени од шокот наредниот ден нашите северни соседи ги чекаше ново непријатно изненадување. Загубија и од Франција која играше без повредениот Тони Паркер. Во пенал завршницата Бојан Поповиќ на двапати не реализира слободни фрлања, еднаш и Ракочевиќ не беше прецизен, за разлика од Французите кои во своите редови го имаа смирениот Борис Диао кој реализира четири “пеналиè за победа од 65:61. Африканците после големата радост премногу се радуваа и во второто коло беа непријатно изненадени од Венецуела ((77:84).
Од средбите од првото коло треба да се одбележат рутинските победи на САД, најголем кандидат за златото со Гаучосите, во дуелот со Порторико и на олимпискиот победник од Атина, Аргентина против Франција.
Селекцијата на Бразил после неочекуваниот пораз од подмладениот состав на Австралија, ја научи лекцијата и против Катар не му дозволи на противникот во ниту еден момент да биде рамноправен. Со серија од 13:0 на истекот на првата и почетокот на втората четвртина паднаа во вода сите надежи на противникот дека може да стори нешто повеќе. Бразил на овој меч играше со сите 12 играчи, а четворица имаа двоцифрен број на постигнати поени. Тиаго Сплитер постигна 18, Гиљермо Џовани 14, но само за 16 минути игра.
Порторико против Сенегал почна убиствено со серија од 11:0, стигна до плус 15 во првата четвртина и победникот практично беше решен.

ДРАГАН ШАКОТА “Направивме непотребно многу грешки. Во пенал завршницата немавме нерви за победа против Францијаи