x

Шампионот само до бод на гостувањето во Берлин (ВИДЕО)

union-berlin-bayern

Малиот работнички состав од Берлин остана „отпорен“ на притисокот на европскиот шампион и се избори за реми, 1:1 во последниот денешен меч од 11. коло на германската Бундеслига.

Во интересен меч, домашните рано дојдоа во водство со голот на Премел во 4. минута и успеа да ја задржи минималната предност се до средината на второто полувреме, кога Баерн, конечно, успеа да израмни. Полјакот Левандовски ја продолжи својата голгетерска серија сезонава и со 13-тиот сезонски гол му донесе израмнување на шемпионот.

Иако гостите вршеа притисок до самиот крај, не успеаја да дојдат до нова победа, но останаа на врвот на табелата, овој пат со еднаков број бодови како и РБ Лајпциг кој го искористи „киксот“ на баварците и се израмни по бројот на бодови со шампионот.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата