ШАМПИОНОТ ПОЧНА СО ПОБЕДА
Како се ближи стартот на НБА сезоната (2 ноември) екипите со бројните контролни средби ја темпираат формата за нови резултатски дострели. Актуелниот шампион Детроит ја отвори новата сезона со победа над Бостон (105:103). Веќе по првата четвртина имаше предност од 37:18, но на почетокот од последниот период на игра дојде до резултатски пресврт – 80:86. Тогаш повторно видовме серија на пистонси за победа од 105:103. Најефикасен беше Паркер (14 поени и три скокови), а голем придонес за победата даде и Хемилтон (12 кошеви и 6 асистенции). Кај гостите четворица кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а најмногу прокнижи Дејвис – 15. Далас како гостин загуби од Њу Орлеанс (94:87), а ме- чот се кршеше до последниот период кога домаќините уфрлија и “повеќе брзина” и со 27:17 го завршија овој период од играта. Кај победниците Смит постигна најмногу поени -19, а кај противниците Стекхаус 20 и Новицки 17. Дајмонд Месон (26 поени), Заза Пашулија (16) и Ерик Стриклен (13) одиграа одлично, предводејќи го тимот на Милвоки Бакс до победа со 89:84 против Минесота Тимбервулвс, каде најдобар беше Кевин Гарнет (15 поени, осум скокови). Феникс Санс против ЛА Клиперс (105:83) немаше тешка задача, иако покажа катастрофална реализација за три поени од само 20 отсто (10-2). Симонс (15) и Дикенс (12) беа најефикасни кај победниците, а кај поразените Стодемаер и Ричардсон (по 22). Претсезонските натпревари во изминатиот ден ги заокруж и дуелот помеѓу Портланд и Сиетл кој не донесе резултатска неизвесност. Дерек Андерсон (23) и Абдур Рахим (16) беа најефикасни кај победниците, а Европејците Радмановиќ и Кутлај (по 11) кај поразените. Резултати: Милвоки Бакс – Минесота Тимбервулвс 89:84, Детроит Пистонс – Бостон Селтикс 105:103, Њу Орлеанс Хорнетс – Далас Маверикс 94:87, Феникс Санс – ЛА Клиперс 105:83, Портланд Трејлблејзерс – Сиетл Соникс 92:73.