x

Шампионот останува без Бразилецот: Жуниор сам побарал да си оди од Шкендија!?

Како што се шпекулира во фудбалската чаршија во Тетово, се чини дека Шкендија оваа зима ќе остане без еден од клучните играчи. Имено Стенио Жуниор сам побарал да си оди од Шкендија, се разбира ова е во доменот на шпекулациите. Иако неговиот договор со тетовци му истекува во јуни, Стенио Жуниор по се изгледа дека го заврши својот престој во градот под Шара.

Сега останува да се види како ќе реагира раководството на Шкендија, посебно ако се знае дека тетовци имаат големи амбиции напролет, да го стигнат Вардар и да дојдат до својата трета во серија или вкупно четврта титула.

Инаку Стенио Жуниор во Шкендија дојде во јануари 2014 година, тој беше еден од првите големи трансфери на новиот спонзор „Еколог“. Претходно една полусезона играше и во Пелистер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата