Малку недостасуваше во четвртото коло од најквалитетната кошаркарска лига да се случи и најголемото изненадување. Домаќините, игра- чите на Маврово беа на добар пат да го совладаат актуелниот шампион Ф. Работнички, но во фини- шот на третата и почетокот од последната четвртина имаа тешки шутеви, заморот ги стигна и пропадна целиот труд. Скопјани стартуваа со 0:9, но по тајм-аутот на тренерот Сотировски, гостиварци се вратија во игра и со скор од 15:2 дојдоа во водство (15:11) што долго време не го испуштија. Првото изедначување го видовме во финишот на третата четвртина (57:57), потоа тројките на “шпедитерите” (вкупно 10) го сотреа заморениот домаќин. Амбициозните неготинци во првата четвртина против фаворизираниот состав на Вардар Осигурување одеа по резултатска “жица”, но откако беа целосно снимени, спласна и нивната амбициозност, особено по истекот на првото полувреме (36:54). – Беше јасно дека нивниот напад на зона е најслаба страна. Затоа по 10 минути го изменивме начинот на игра и многу брзо дојдовме до убедлива позитива (36:54). Во еден момент водевме и со 18 кошеви, неготинци спуштија на 10 разлика, но нашиот квалитет дојде до израз, вели тренерот на Вардар Осигурување Марјан Лазовски. Од Фаворити остана само името, на теренот во салата “Јане Сандански” беа како почетници против МЗТ Скопје 2000, сите нивни пријавени кошаркари се запишаа во листата на стрелците. Сето она што се случуваше на записничката маса беше повеќе од трагикомично бидејќи редарите, без лиценци, беа во улога на помошни судии (актуелните се уште бојкотираат), немаше статистика, видеоснимка, пари да се платат судиите.