x

Шампионот на Косово им се заблагодари на тројца македонски играчи!

drita

Откако станаа шампиони во Косово, а потоа пред финалето во прелиминарната рунда беа елиминирани службени поради Ковид-19, раководството на Дрита реши да им се заблагоради на тројца наши интернационалци. Тоа се голманот Дарко Тофилоски, потоа играчот за врска Буњамин Шабани и талентираниот Лиридон Мема. Ова и официјално го соопшти клубот чиј тренер е како што познато Ардијан Нухиу.

Тоа значи дека во следната сезона од бројната наша колонија која беше во тимот од Гњилане, ќе останат само Ардијан Цуцули кој беше избран во идеалниот тим на сезоната, како и Изаир Емини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата