x

Шалке повторно изгуби и се приближува кон црниот рекорд, и кон „Цвајте“

arminija-radost
Ниту тренерската смена и враќањето на искусниот Хуб Стевенс не му помогна на Шалке да дојде до првиот триумф, и да ја прекине црната серија од 29 натпревари по ред без победа. Серијата на тимот од Гелзенкирхен сега достигна 29 меча, доближувајќи се до „црниот“ рекорд од 31 меч на Тасманија Берлин во сезоната 1965/66. Шалке од 17 јануари 2020 година нема триумф во Бундес.
Шалке на домашен терен денеска загуби минимално од Арминија Билефелд во дербито на дното. Сите сметаа дека овој меч е пресвртница и дека, конечно, ќе дојде до триумф, сепак и денеска не дојде до него.
Инаку ниту еден од домашните не ги доби денешните натпревари кои почнаа од 15:30 часот. Борусија Менхегладбах на свој терен загуби од Хофенхајм со 1:2, Ајнтрахт Франкфурт победи 0:2 на гостувањето кај Аугсбург. Мајнц на домашен терен забележа уште еден пораз и загуби од Вердер Бремен, додека Лајпциг направи „кикс“ и одигра само 0:0 дома со Келн.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата