x

Чупиќ: Работата е јасна, богатите нека играат, а „малите“ нека служат за промоција на ракометот

Иван Чупиќ за хрватските медиуми ја прокоментира одлуката на ЕХФ за фајнл-фор завршницата во Келн. Вардар без битка ќе го предаде тронот.

“Ова што ни го направија не е регуларно. Никому не му е гајле за клубовите, а мислам дека сите во оваа ситуација треба да бидат обединети и да кажат дека не сакаат да играат. Работата е јасна, богатите нека играат, а „малите“ нека служат за промоција на ракометот. Во оваа ситуација поважно беше да им се помогне на федерациите и на клубовите, затоа што ситауцијата е тешка, опасна за иднината, а што ако истата продолжи, не сакам ни да размсилувам што ќе биде. Прашање е колку клубови ќе успеат да преживеат. Се плашам дека сите нас не чекаат тешки времиња. Засега важно е само да се остане здрав“, изјави Чупиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата