Откако попладнево беше објавено видео на кое се гледаат полицајци во Кавадаречко, кои малтретираат момче, што го тврди и гласот на друго момче во видеото, се огласи министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Во однос на видеото објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како полициски службеник физички малтретира друго лице сакам да ја информирам јавноста дека веќе разговарав со надлежните во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истрагк и професионални стандарди кои согласно законските прописи, веднаш ќе постапат за да го истражат случајот и да утврдат евентуален виновник.

Како Министер за внатрешни работи нема да дозволам злоупотреба на полициските овластувања, особено врз малолетни лица.

Јавноста навремено ќе биде известена за исходот од спроведената внатрешна истрага.