Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики, тераше дневен ПР од прашањето поврзано со справување со коронавирусот, пишува на „Фејсбук“, министерот за внатрешни работи Наќе Чилев.

Како што вели тој, секоја одлука на Владата поврзана со мерките, особено кога изборите почнале да стануваат актуелни, била носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

„Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Оперативното постапување на полицијата е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира“, нагласува Чулев.

Министерот исто така вели дека граѓаните се свесни дека зад олабавувањето на мерките се крие само желбата на владејачката партија за што побрзи избори.

„Фактот дека Министерството за внатрешни работи секојдневно почна да открива криминал во кој се вмешани функционери на владејачката партија веројатно е причината за нервозата во нивните редови. Меѓудругото, јавноста треба да знае и за секојдневните навреди, но и закани по мојот живот на кои сум изложен, а кои дополнително сведочат за ниското ниво на политичка култура, но и за паниката која е присутна кај нив“, стои во објавата на Чулев кој додава дека за него најважни се граѓаните и нивното мислење.

извор: Makfax