„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои крајно одговорно бескомпромисно неселективно и согласно законски надлежности постапуваше“, оцени министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој додаде дека на ваков начин МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја, но, како што рече, и за почитување на словото на Уставот и на законите.Притоа како што рече, биле преземени и мерки за заштита на здравјето на граѓаните со оглед на тоа што овие избори се одржаа во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.

Тој изрази благодарност до сите вклучени во изборниот процес за тоа што тој поминал во демократска и фер атмосфера.

Министерот за внатрешни работи на прес-конференцијата информираше и за одредени неправилности и мерки кои биле преземени и постапки кои биле покренати. Заклучно со 20 часот на сите 8 сектори за внатрешни работи пријавени се вкупно 151 настан, од кои за 31 настан наводите не се потврдени, а констатирани се 9 прекршоци.

„Заклучно до 20 часот на сите 8 сектори за внатрешни работи пријавени се вкупно 151 настан, од кој за 31 настан наводите не се потврдени, а констатирани се 9 прекршоци, 3 за лажно пријавување на настан, 3 за викање и карање на јавно место.Приведени се 8 лица од кои 4 за фотографирање, 3 за сторени прекршоци и едно кај кое било најдено гласачко ливче. Најмногу прекршоци се пријавени на подрачјето на СВР Струмица, вкупно 38, 31 Скопје и Штип, Битола 23, Куманово 14, Тетово 6 и Велес 5, а најмалку односно 3 во Охрид. Пријавите во најголем дел се за агитирање вкупно 75, 29 за давање поткуп, 5 за нарушување на ЈРМ, 2 за физички напади”, изјави Чулев.

извор: Makfax