Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, оствари работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари.

На средбата, министерот истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори.

На средбата, Чулев беше запознаен со актуелната безбедносна состојба во општината и последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на локално ниво.

Министерот потенцираше дека полицијата е служба на граѓаните и дека полициските службеници мора да работат во интерес на граѓаните и имаат обврска да го гарантираат мирот и безбедноста на државата.

извор: Makfax