Неверојатната сцена се случила во Сибир откако жена паднала од балконот од деветти спрат од зграда во населбата  Излушинск  и успеала да преживее.

Инцидентот е снимен од шокиран случаен минувач, а на видеото се гледа како жената паѓа во длабок снег, по што станува и заминува од местото на настанот.

Во видеото објавено на локален ТВ канал, јасно може да се види дека жената како паѓа од висина во снегот, кој се распрснува на сите страни.

По неколку секунди, станува и заминува. Детали за овој необичен случај, како и за какви било повреди низ кои поминала жената, не се објавени.