x

Чудо во Тетово: Маневски ја “клекна“ Шкендија (ВИДЕО)

pelister-gol

Чудо во Тетово, големо чудо под Шара. Место голеада, место Шкендија да го “наполни“ Пелистер, се случи токми битолчани по долги, долги години конечно да слават над Шкендија. Борче Маневски со гол од пенал во последните секунди од мечот успеа да му донесе три златни бода на Пелистер.

Треба да се каже дека вп првиот дел беше мирно, навистина Шкендија ги контролираше настаните на теренот, но без некоја посебна шанса.

Во вториот де тетовци нападнаа со сите сили, тргнаа на гол, на пбеда. Имаа и шанси, Талески на голот на гостите правеше чуда, и дојде тој момент во таа 90.минута кога судијата Мечкаровски покажа на белата точка. Маневски погоди од белата точка и тоа беше крај на надежите на Шкендија дека непоразена ќе ја заврши есента.

Кога сме кај Мечкаровски, значи тој се прости од судењето со пенал против Шкендија во 90. минута и победа на Пелистер.

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 0:1 (0:0)

Еколог Арена“ во Тетово. Гледачи:/. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Маневски 90. (ПЕЛ). Ж. Картони: Дита, Нафиу, Кривак (ШКЕ), Кочоски, Драгарски, Маневски (ПЕЛ).

Играч на натпревар: Борче Маневски (ПЕЛ).

ШКЕНДИЈА: Захов, Павич, Бејтулаи, Алими, Ибраими, Тотре, Елези (55. Нафиу), Дориев (86. Зејнулаи), Дита, Кривак, Незири.

ПЕЛИСТЕР: Талески, Спиркоски (71. Илиевски), Бошковски, Кочоски, Николовски, Фазлиу, Пејаковиќ, Драгарски, Талевски, Илиески, Алдаир Нето (72. Маневски).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата