x

Чудо во Африка: Нигерија водеше 4:0, и не победи

nigerija

Фудбалерите на Нигерија приредија „шок“ на своите навивачи во квалификациите на африканскиот Куп на Нации против Сиера Леоне.

Нигерија како голем фаворит влезе во дуелот. Така и тргнаа, и веќе по 30 минути играа има а 4:0.

Никој не претпоставуваше дека Нигерија нема да победи, и тоа на крајот се случи.

Противниците во финишот на првиот дел погодија за 4:1. Во 72. минута намалија на 4:2, за да во 80-та стигнат и до 4:3. Шест минути подоцна забија уште еднаш за 4:4.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата