“ЧУДОТО ОД ДЕТЕ”, СЕПАК, ВО БАРСА
“Ѕвездата што доаѓа” од Буенос Аирес, 12-годишниот Ерик Ламела го напушта својот дом и доаѓа во Барселона. Шпанскиот гигант се договори со родителите на Ламела и ова момче мошне брзо ќе им се приклучи на врсниците во кампот на Барса. Според договорот со родителите, таткото на Ламела ќе добие работа во Барселона, семејството за четири години ќе добие надомест од 500.000 евра, а каталонскиот клуб ќе се погрижи за школувањето на Ерик. Барселона со ова ја доби битката против Милан, Арсенал и досегашниот клуб на Ламела Ривер Плата. За момчето велат дека е голем потенцијал, а досегашниот учинок му е брилијантен. За четири сезони колку што игра фудбал постигнал 200 гола. Игра на средината на теренот, а е корисен и како надворешен напаѓач. Барселона младиот Ерик првпат го сними летоска на младинските турнири во Шпанија и Франција, каде што во конкуренција на 3-4 години постари играчи беше убедливо најдобар.