Чувајте ги сметките и уплатниците од платените казни, УЈП може одново да ви побара пари, предупредува скопјанец кој лани си платил казна за судска пресуда од околу 300 евра, а годинава УЈП повторно му ги побрува парите и бара да се блокира неговата сметка, пренесува Пресинг ТВ.

Од Управата за јавни приходи до фирмата каде што работи лицето пристигнало решение за присилна наплата од парични побарувања.

Лицето кому УЈП му побарува парични средства, својот долг по наведената пресуда го има платено уште во јуни 2018 година, а тоа го потврдила уште тогаш и даночната управа чиј печат стои на задната страна на уплатницата дека е примено.