“Чувари на плажата” серија полна со совршени фигури, со Памела Андерсон и Дејвид Хаселхоф во главните улоги, е прогласена за најлоша американска серија на сите времиња. Едно време таа беше најгледаната серија која ја гледаа околу милијарда луѓе во 140 земји. Но, британското списание “Бродкаст” по спроведената анкета, односно гласање, ја прогласи за најлоша американска серија на сите времиња. Ова списание нагласи дека за 12 години серијата со мускулестиот спасител на плажата и на неговата екипа од млади помагачки, ги подивуваа хормоните на гледачите. Шоуто “Ен Никол” и реалното шоу “Озборнови” се наоѓаат на второ место на најлошите. Меѓу другите американски емисии се наоѓа и шоуто на Џери Спрингер. Меѓу десетте најдобри американски серии, кои се прикажуваат во Велика Британији се наоѓаат: “Симпсонс”, “Далас”, “Меш”, сериите “24 часа”, “Досие Х” и “Твин Пикс”.