Задарската полиција пронајде и конфискува вистински топ во дворот на семејната куќа на Ж. М. (39) од селото Горица кај Задар. Залудни биле обајаснувањата и убедувањата на мештанинот Ж.М. дека топот од марката ЗИЛ со калибар од 76 милиметри, е неисправен, без затворач и со оштетена цевка. Покрај ова, цело време дури го товарале топот, им говорел дека како хрватски бранител сакал да има еден сувенир од татковинската војна. Против сопственикот е поднесена кривична пријава поради недозволено држање на оружје и експлозивни направи. Транспортирањето на топот низ задарските улици, на патот кон полициската станица, кај граѓаните предизвикал чудење и смеа.