Познатата пејачка Адел успеа да симне 44 килограми, а сега е познатио и како и успеа. Имено, се работи за Sirtfood диетата со чика помош за седум дена можете да симнете три килограми, а да не се откажувате од слатки како што со чоколадите, вино и каде. Оваа диета се состои од две фази, а трае три недели после што можете да ги одржувате резултатите.

Нутриционистот Ејдан Гогинс открил дека Адел почнала да го применува овој план на исхрана во 2016 година.

– Нејзината трансформација беше 90 % оваа диета, а само 10 % секојдневни вежби. Ја обожаваше оваа диета. И помогна да изгледа фантастично. Адел симна 44 кг со помош на оваа диета, рекол Ејдан.

Инаку, првата фаза трае седум дена и подразбира значителна рестрикција на калориите, поточно до 1000 калории дневно, како и консумирање зелен чај и малку чоколадо. Целта е секако нагло да се поттикне слабеењето со забрзување на метаболизмот.

Во втората фаза, која трае две недели можете да имате три оброка и да пиете сокови. Третата фаза е дека овие две фази можете да ги повторувате колку сакате.

Sirtfood диетата се базира на употреба на намирници кои поттикнуваат производство на ензим во телото кој е познат како сиртуин. Според некои истражувања, овој ензим влијае на метаболизмот поттикнувајќу брзо согорување на калориите, а освен тоа постои и негово влијание на намалувањето на воспалителните процеси и заштита на клетките во организмот.

Целта е зголемување на внесот на здрави намирници, а тоа се јаболка, цитрусно овошје, магдонос, боровинки, зелен чај, соја, јагоди, куркума, маслиново масло, црвен кромид, рукола, кељ…
Пејчаката комбинирала здрави намирници со секојдневно вежбање, а тоа е забележливо на нејзината фигура. 

Стручњаците предупредуваат дека оваа диета може да ја применувате само ако сте здрави, односно ако немате сериозни здравствени проблеми.