Чоколаден шејк
Потребно: (за 4 лица)
900 мл / 3 1/2 филџанче ладно млеко
4 топчиња сладолед од чоколада
1 лажица КРАШ какао прав
Фин чоколаден прелив:
250 г Дорина чоколада за готвење
2 лажици лесен сируп од пченка
2 лажици екстракт од кафе
300 мл / 1 1/2 филџанче слатка павлака за готвење
2 лажици темен рум (по желба)
Подготовка: За чоколадниот прелив искршете чоколада на парчиња и ставете ги во сад со дебело дно. Додајте сируп, екстракт од кафе и слатка павлака. Варете на тивок оган, со постојано мешање додека смесата не стане мазна или сјајна. Вмешајте рум (ако го ставате) и оставете да се излади. Преливот ќе се згусне додека се лади. Добро измешајте или лесно загрејте пред сервирање. Енергично матете го ладното млеко со 150 мл-2/3 густ чоколаден прелив (или употребете блендер) додека млекото и преливот не се поврзат и течноста не стане пенеста. Смесата сипете ја во 4 високи изладени чаши и потоа во секоја ставете по едно топче сладолед од чоколада, така што да плови по површината.