Чоколаден трафел од костен
СОСТОЈКИ:
100 гр шеќер
4 лажици вода
100 гр мелени ореви
100 гр пире од костени
1 кесичка ванилин шеќер
2 реда чоколадо за готвење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Згответе густ сируп од шеќер и вода. Во него додајте ореви, пире од костени и ванилин шеќер. Сè добро измешајте и додека смесата е топла обликувајте топчиња.
Растопете чоколадо, па секое топче потопете го во чоколадото и оставете да се излади.
Топчињата се служат во хартиени корпички.