Француските власти започнаа истрага за убиство, откако при обнова на париска палата вредна 35,1 милиони евра, во подрумот бил пронајден човечки труп, кој таму бил скриен цели 30 години.

Палатата се наоѓа во ексклузивната централна област на Париз. Покрај главната зграда, има внатрешен двор и приватни градини.

„Се работи е важна историска зграда. Многу познати личности живееле таму, вклучувајќи го и поетот Франсоа Копе“, изјавила за Си-ен-ен, потпретседателката на локалната организација за зачувување на историската област, Сабин Лебретон.

„Местото зборува само за себе. Има огромна градина во задниот дел. Можете само да замислите какви свечености и забави се одржувале на тоа место. Тоа е сосема друг век”, додала таа.

Палатата на улицата „Одинот“ била напуштена од средината на 18 век, а беше откупена во јануари за 35,1 милиони евра.

Извор од француското судство за Си-ен-ен изјавил дека обвинителството во Париз започнало прелиминарна истрага за убиството, откако во подрумот на палатата на 26 февруари било откриено тело за време на реновирањето.

„Телото беше пронајдено на место кое никој не го посетувал. Никој детално не го прегледал подрумот“, рекол адвокатот Бруно Пикард, кој бил задолжен за продажба на палатата.

извор: Makfax