Турскиот провладин весник „Сабах“ објави видео од човек кој бил дел од придружбата на саудискиот принц Мухамед бин Салман во САД, како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул, непосредно пред доаѓањето на сега исчезнатиот новинар Џамал Кашоги на 2 октомври.

Весникот вели дека истиот човек подоцна бил виден пред резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, односно дека заминал од хотел на 2 октомври, поточно денот на исчезнувањето на новинарот.

Истиот човек е забележан и на фотографии објавени од новинарите на „Хјустон хроникл“ кои датираат од април годинава.

Агенцијата АП вели дека не успеала да го утврди идентитетот на човекот, додавајќи дека Саудиска Арабија со денови ги игнорира барањата за коментар од страна на агенцијата.

извор: Makfax