Севернокорејскиот лидер последен пат е виден во јавноста на 11 април.

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун продолжува да работи, објавил шеф на Одборот на Руската дума за односи со таа држава Казбеј Таисајев.

Тој рекол дека Ким Јонг Ун испратил поздрави до претседателот на Јужна Африка што е негова лична порака.

– Човекот продолжува да работи, а медиуми кои пишуваат за неговата влошена здравствена состојба, мислам дека е погрешно – рекол Тисајев.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека има јасна претстава за состојбата во која се наоѓа севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун но дека моментално за тоа неможе да зборува.

Медиумите во Северна Кореја во последно време објавуваат дека Ким испраќа дипломатски писма и дека делел подароци на заслужни граѓани, но ниедна фотографија од неговите активности не е објавена повеќе од две недели.

 

извор:Србија Данас.срб.