Човекот кој претходно денеска киднапираше автобус во Бразил, бил застрелан од полициски снајпер, пренесува „Глоуб“.

Киднаперот е очигледно убиен иако нема официјална потврда за оваа информација.

Во твитот објавен од корисник по име Диниз, се гледа маж со маска, облечен во бела маица, како го напушта возилото. Човекот фрлил јакна кон полицијата и сакал да се врати во автобусот, подоцна се гледа како паѓа на земја, очигледно застрелан.

Друг твит покажува заматена слика на истиот човек како лежи на земја со полицаец покрај него.

Претходно, вооружениот напаѓач киднапираше патнички автобус на мостот Рио-Нитерци, што ги поврзува градовите Рио де Жанеиро и Нитрај во Бразил. Киднаперот се претставуваше како воен полицаец; но оваа информација сè уште не е потврдена.

извор: Makfax