Фондацијата “Конрад Аденауер” ги седна на заедничка маса поранешни и сегашни пратеници, приврзаници на актуелното раководство, но и оние кои се за промени во ВМРО-ДПМНЕ.

Разговараа за постизборните предизвици и ЕУ перспективите.

Поранешниот пратеник Илија Димовски упати апел до актуелното раководство да го искористи потенцијалот на искусните и квалитетни кадри но и да ги слушне критиките за потребата од промени.

Пратеникот Тимчо Муцунски смета дека е неопходна европеизација на државата а тоа може да се постигне само со национален консензус.

– Европа не треба да биде само апстрактен поим за ниту еден политичар, вели Муцунски.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ повикуваат партијата да го искористи капацитетот на квалитетните кадри.

Илија Димовски апелира раководството на партијата да има поголем слух за потребите од промени затоа што само на тој начин може да се случи обединување.

На трибината присуствуваше и поранешниот амбасадор и вицепремиер Васко Наумовски.