Судејќи според она што му претходело на крвавиот напад, може да се заклучи дека публицитетот е всушност тоа што го барал Брентон Тарант. Манифестот на 74 страници го испратил до премиерката на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, 10 минути пред да го почнекрвавиот поход, се пренесуваше во живо на Фејсбук, а социјалните мрежи се уште се бори со бришење на копии од снимката, велат експертите.

Според нив Тарант во затворот би можел да биде цел на останатите затвореници. Велат дека Тарант веќе го предупредиле дека го препознале членовите на една банда по страшниот масакр, пишува „Њу Зеланд Хералд“.

„Имаме и ние свои пријатели внатре“ рекол еден од членовите за новозеландскиот портал.

„Заканите би требало да се сфатат многу сериозно“ изјавил криминалист од универзитетот „Кантербери“, Грег Њуболд, кој претходно поминал некое време во затворот.

„Тоа би го сфатил многу сериозно и мислам дека е во многу голем опасност. Во затворот има луѓе кои се многу лути поради тоа што го направи тој, особено поради фактот дека е белец супремист“ рекол Њуболд.

Тој нагласил дека поголем дел од затворениците во затворот, во кој се наоѓа Тарант, не се белци.

„Белците внатре не смеат да ја кренат главата нагоре, па Тарант ќе нема со кој да се дружи. Во овој момент, тој сигурно е најголема цел. Нема многу луѓе кои го симпатизираат, дури ни супремистите. Повеќето расисти во земјата не се како Хитлер. Тие не сакаат истребување на некој народ или луѓе, туку едноставно не сакаат Азијци, муслимани или луѓе од друга раса, но не сакаат сите да ги убијат“ објаснува Њуболд.

извор: Makfax