x

Членовите на Барселона собраа над 20.000 потписи за гласање недоверба за Бартомеу

bartomeu-1

Официјалните членови на Барселона успеале да ги соберат потребните потписи (па и повеќе од минималниот број) за да се гласа недоверба на претседателот Хозеп Марија Бартомеу.

9 дена по стартот на иницијативата, веќе се собрани над 20.000 гласови на  членовите на клубот, маргина доволна за да се гласа за недоверба на бартомеу.

Според правилата, напрво потписите треба да се депонирата во канцеларијата на клубот. Во наредните денови (најдоцна до 29 септември), советот ќе се формира со гласање на сегашниот одбор на директори. Во него ќе бидат вклучени првите двајца потписници на петицијата, 2 члена на одборот и делегат од Фудбалската федерација на Каталонија.

Има време до 10 октомври да се проверат потписите. Можеби некои ќе бидат одбиени, но поддржувачите имаат и поголем број од потребните. Доколку апликацијата биде прифатена, ќе се гласа за оставка на сегашниот одбор на директори за 10 до 20 работни дена. Тоа значи дека најдоцна до 1 ноември може да се случи гласањето за недоверба на сегашното раководство на Барселона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата