x

Чичко Дончо од Австралија до Мрме: Браво бе синко, најголема заслуга имаш ти Игоре! (ВИДЕО)

screenshot_2-6

Интересно интервју на Игор Ангеловски за СВС радиото во Австралија на македонски јазик. Мрме одговараше на неколку прашање преку линковско видео, а во еден момент големо изненадување за него. Во студиото се појави и Андон Дончевски, првиот селектор на нашата репрезентација.

Навистина интересно, вреди да се погледне видеото. Јасно е дека таа радио емисија беше многу слушана кај нашите во Австралија.

На прашањето на водителот како се осеќа Ангеловски по еден таков историски успех, овој одговори:

Најсреќен човек на светот. Ова беше сон на сите во самостојна Македонија, ете успеавме да ја однесеме на ЕВРО. Среќен сум што предизвикавме такви емоции кај нашиот народ, поздрав и до нашите сонародници во Австралија. Заслужни се фудбалерите, ова е историски успех“ за сите нас.

Потоа на сцена стапи чичко Дончо со својот монолог:

Браво, не израдува сите бе синко. Ти знаеш, јас постојано те храбрев. Направи силна репрезентација, ги сплоти сите. Од чичко Дончо големи, големи поздрави. Верував во тебе, верував во твоите способности. Овој историски успех ќе биде одбележан со златни букви. Не надмина сите нас, зошто ја сплоти екипата. Сите играа како еден, најголема заслуга имаш ти Игоре. Кога те поставија за селектор јас верував во тебе, и јас бев за тоа Пандев да го вратиш во репрезентацијата. Твојата умешност дојде до израз. Браво бе синко, многу се радувам. Ти толку паметно ја водеше репрезентацијата, ја водеше како искусен тренер, како да си Мурињо. Ти си за тренерите ѕвезда Деница која ќе свети цело време. Сакам да кажам дека залсужуваат честитки и Мети Сејдини и Филип Поповски, за тоа што те поддржаа. Големи поздрави и честитки за сите вас. Пред се чувај си го здравјето“ му порача Дончо на Мрме.

На ова Ангеловски возврати…

Благодарам на убавите зборови. Да кажам дека од првиот ден ако од некого имав поддршка тоа беше од него. И кога од таков човек ќе имате поддршка ве мотивира да успеете и да го исполните сонот на сите Македонци во Македонија и на сите Македонци во Австралија. И еве јавно да му се заблагодарам, тој пред секој меч знаеше да ми се јави или да ми прати порака. Се пееше химната на првиот меч во Крањ кога чичко Дончо беше селектор, сега ќе се пее во Букурешт на 13 јуни на ЕП. Поголема среќа за нас Македонците нема од тоа“ заврши Ангеловски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата