-За сеачите на магла потсетување дека ДИК е одговорна пред Собранието на Република Македонија.Кога некој како Претседател на ДИК со два реда соопштение ќе се обиде да објасни, а во суштина се затскрива зад својата нетранспарентност и неодговорно работење мора да се реагира на соодветен начин и да се укаже дека таквото однесувањето не е ни од близу на нивото на одговорност на оваа институција во актуелните политички процеси во државата и суштината на процесот за кој истата е одговорна, напиша Стоиљковиќ.

ДИК треба да ја отвори за јавност нејзината работа, а не со бесмислени оправдувања да остава простор за алиби политика на оние кои, ако може во недоглед би ги одложувале изборите, вели тој.

-ДИК треба да отвори дебата за проблемите со кои се соочува, а не да создава проблеми во политичкиот процес и креира хаос и безредие.
ДИК е сервис во севкупниот изборен процес, а не некој кој си замислува дека од него зависи одлуката дали ќе има или не избори.На крајот од краиштата, задачата на ДИК е да обезбеди техничка поддршка на изборниот процес и спроведување на изборите согласно Изборниот законик и таа задача истата ја врши во текот на целиот мандат, а на само пред избори, заклучува тој во својот Фејсбук статус.