Тони Стојановски вчера заедно со Пандев, Алиоски, Несторовски, Елмас и останатите фудбалери беше човекот што го даде печатот на денот.

Со неговата емотивна но сепак трезвена и пред се искрена реакција со пораки кои се во главите на стотици илјади Македонци ја крена јавноста на нозе.

Малкумина приврзаници на СДСМ бараат МТВ да му даде отказ за неговото финално коментирање по победата над Грузија а огромен број луѓе го слават како глас на честопати пиниѓениот македонски народ.

Стојановски кој вчера без никого да навреди и без да шири говор на омраза, само затоа што проговори за чувствата на секој Македонец и беше вербално линчуван од владеачките системи за денунцирање, е долгогодишен професионален спортски новинар кој во фелата е познат како човек со принципи и почит кон сите што го заслужуваат тоа.

Роден е во 1978 година во Скопје.

Кариерата ја започнува во Македонското Радио – Радио Скопје пред дваесетина години во екипа која ја предводи Александар Стиков.

Во телевизискиот простор се појавува во згаснатата А1 ТВ кога таа телевизија ги пренесуваше натреварите од англиската премиер лига, кои исто така Стојановски ги пренесуваше со голем жар.

По затворањето на А1 заминува во МТВ каде што станува уредник на спoртската редакција на националниот сервис.

За Стојановски и предходно важела оценката дека целосно со сите емоции се вложува во преносите особено кога се работи за репрезентациите или македонските клубови на меѓународна сцена.

Ништо поинаку не можеше да биде и вчера на арената во Тбилиси каде победија Пандев и другарите но и цела Македонија.