Чикаго отстрани два споменици на Кристофер Колумбо, што е привремена мерка, а властите објавија дека ќе ја разгледаат соодветноста на сите споменици во градот, една недела откако демонстрантите се обидоа да ја срушат статуата, предизвикувајќи судири со полицијата.

„Овој чекор беше преземен за да се заштити и зачува безбедноста на јавниот простор и да се одржи демократски дијалог за симболите на нашиот град“, рече градоначалникот Лори Лејтфут.

Демонстрантите против расизмот се нафрлија на спомениците на Колумбо ширум САД, осудувајќи го славењето на морнарот во американскиот образовен систем, притоа игнорирајќи ја неговата суровост кон домородните Американци.

По консултациите, градоначалникот Лејтфут нареди отстранување на статуата од Грант Парк, најголемата област за рекреација на Чикаго и уште една статуа во друга област.

„Тоа е одговор на протестите кои станаа несигурни и за демонстрантите и за полицијата“, се вели во соопштението, додавајќи дека „поединци се обиделе самостојно да ја срушат статуата во Грант Парк на исклучително опасен начин“.

Протестите во Чикаго завршија со неколку апсења и повреди, и еруптираа како и во другите градови во САД, откако еден полицаец го задави невооружениот Афроамериканец, Флојд, на 25 мај во Минеаполис.

извор: Makfax