Познатиот револуционер почива во Мавзолејот Че Гевара во градот Санта Клара во Куба. Таму се сместени и неговите колеги борци кои исто така биле убиени во 1967 година кога Че Гевара се обидел да крене востание во Боливија.

Овој комплекс го краси и бронзаната статуа на Че Гевара висока 22 метри.

Тој бил погребан со сите воени почести на 17 октомври 1997 година, откако неговите посмртни останки биле пренесени од Боливија во Куба.

Во местото каде почива се наоѓа и музеј кој е посветен на неговиот живот како и вечниот пламен кој во негова чест го запалил Фидел Кастро. Градот Санта Клара е одбран за негово почивалиште бидејќи на 31 декември 1958 година војниците на Че Гевара го зазеле местото.

На погребот на Че Гевара, Фидел Кастро одржал говор во кој вели:

“Зошто мислат дека ако го убијат тој ќе престани да постои како борец? Денес е на сите места низ светот, секаде каде што имаат цел која сакаат да ја одбранат. Тој остави белев го историјата и станал симобил за сите сиромашни во светот”.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=PqFY9OdbtEM]