Чешка е уште една во низата европски земји што воведе полициски час за да се спречи ширењето на вториот бран на пандемијата

Чешка беше пофалена за нејзиниот брз првичен одговор на првиот бран, но седум месеци подоцна бележи 15.000 нови случаи на ден и има втора највисока стапка на смртност по глава на жител во светот за седум дена. Што тргна наопаку?

Како што објавија светските медиуми на почетокот на јули, Чешка организираше проштална забава за коронавирусот, не знаејќи дека по неколку месеци тој ќе се врати уште посилен.

Тогаш неколку илјади граѓани на Чешка се собраа на Карлов мост во Прага, каде што организираа „Симболична проштална забава“ за вирусот.

Организаторите рекоа дека со прославата сакале да означат крај на кризата предизвикана од епидемијата и дека сакаат да покажат дека луѓето не треба да се плашат да се среќаваат.

Сепак, пред само два дена, армијата официјално ја предаде полската болница во предградието на Прага на главната болница во градот за заразни болести, која ја изгради за само седум дена. Според надлежните, болницата ќе прима сериозно болни пациенти и ќе се обиде да им го спаси животот, пренесува Би-Би-Си.

Објектот има 500 кревети, вклучително и 10 единици за интензивна нега. Доколку е потребно, ќе ангажира и 200 воени медицински лица – 20 лекари, 70 медицински сестри и остатокот од логистичките трупи.

– Во овој момент нема време да се размислува за емоциите. Но, сигурен сум дека тие ќе дојдат, бидејќи ова е навистина невообичаена ситуација – рече полковник Ладислав Слешта, командант на Воено-медицинската агенција на Чешката армија, која го изгради објектот.

Тој рече дека изградиле вакви болници во Авганистан или Ирак, но не и на периферијата на Прага.

– Сметаме дека последен пат овој тип институции се градеа во нашата земја за време на Првата светска војна – посочи тој.

Од друга страна, во центарот на Прага, ситуацијата е сосема поинаква – маса на луѓе одат покрај реката на есенското сонце, хранат лебеди, купуваат храна.

Во центарот на Прага, мерките за социјална дистанца и апелот на владата да останат дома сè уште не се почитуваат.

Во средата, владата нареди затворање на повеќето продавници кои не се потребни, додека супермаркетите, аптеките, и услугите неопходни за економијата, како што се компјутери и ИТ, можат да работат.

Ресторани, кафулиња и пабови се затворени за гости што седат, додека услугата за носење е достапна до 20:00 часот.

Сите училишта се работат преку Интернет, но ограничувања на границите, за разлика од пролетта, сè уште не се воведени.

Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро, изјави вчера министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.

Според некои експерти, сегашниот број на жртви над 2.200 може да достигне 15.000 до Божиќ. Тоа е застрашувачка статистика. Но, од овие 2.200 смртни случаи од пролетта, половина се случија во последните две недели.