x

Чеферин: И од септември Лигата на шампионите ќе се игра без гледачи

ceferin-zakani

Претседателот на УЕФА , Александар Шеферин, во интервју зборуваше за тоа како пандемијата на коронавирус влијае врз фудбалот во светот. На прашање дали во скоро време може да се очекуваат натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа со присуство на гледачи, првиот човек на европскиот фудбал вели:

„УЕФА жртвуваше дел од својата сезона за да може да ги заврши тековните домашни натпреварувања до крајот на јули и да ги заврши своите клупски натпреварувања за сезоната 2019/2020 во август. Клупската солидарност ќе биде подеднакво важна за време на септемврискиот прозорец за меѓународни натпревари. До понатамошно известување ќе играме натпревари во европските купови без гледачи. Нема да ризикуваме. Главниот фокус, се разбира, е на елитните турнири. Но, очигледно, основниот фудбал секогаш ќе биде клучен елемент на нашата мисија. Со оглед на новите медицински протоколи и регулативи, прво и основно е никој да не се изложува на непотребни ризици. Мораме да бидеме особено внимателни кога станува збор за децата“, вели Чеферин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата