x

Чеферин: И во иднина можеби ќе има Ф8 во ЛШ и ЛЕ!

ceferin-germanija

Се чини дека завршницата во ЛШ и ЛЕ, каде што беше во посебен формат, кој популарно се нарече Ф8, би можел и во иднина да се применува. И тоа откако од УЕФА истакнаа дека ова е полн погодок.

Бевме присилени, со оглед на пандемијата на Ковид-19, да организираме вакви турнири, ваков формат, да нема реванши него се да се реши во еден натпревар. Јас мислам дека оваа варијанта се покажа како добра и дека ако треба секако дека ќе треба да се применува и во иднина. Видовме натпревари без многу тактики, без многу калкулации. Кога има два меча, односно кога има реванш се е поинаку“ изјави Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата