Во Би Би Кинг клубот, лоциран на Тајм сквер, редовно настапуваат најзвучните имиња во светот на соул, блуз, фанк, џез и ар ен би музиката како Шака Кан, Инкогнито, Буци Колинс, Принц, Висперс, Џорџ Клинтон и т.н.

Четкар ќе настапи на сцената Лусил, именувана по гитарата на легендарнот блуз гитарист Би Би Кинг и ќе се претстави со авторска музика и сопствени аранжмани. Друштво овој пат ќе му прават Алберт Лусинк на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Кори Вилис на тромбон, Мото Фукушима на бас, Владан Мијатовиќ на клавијатури и Џефри Фахардо на тапани.

Билетите за концертот се пуштени во продажба преку официјалната страница на клубот.

Инаку, меѓу концертите на македонскиот гитарист, вокалист, композитор и аранжер во минатото се вбројуваат и некој од најпознатите џез фестивали и клубови во Њујорк, Лос Анџелес, Лондон, Бостон, Вашингтон, Будимпешта…, како Блу Ноут Џез Фестивалот, Блу Ноут Џез Клуб, Сигет Фестивалот, Иридиум, Каталина Џез Клуб, Регатабар, Блуз Ели, Карневалот во Дебрецен, Пица Експрес Сохо Џез, Нишвил Џез Фестивал итн.