x

Четири поништени гола за Сасуоло, победа за Наполи (ВИДЕО)

hysaj-napoli

Елиф Елмас и Наполи славеа со 2:0 на средбата со Сасуоло која им донесе исклучително важни три бода во трката со Милан и Рома за место во европските купови.

Хусај го отвори резултатот уште во осмата минута на мечот, а гостите имаа неколку шанси да дојдат до реми, но на крајот не успеаја.

Во финишот на средбата, Наполи го искористи притисокот кон голот на гостите и со погодокот на Алан во 94. минута ја потврди победата.

 

За издвојување е што Сасуоло постигна 4 гола вечерва, но три беа поништени со помош на ВАР системот, а еден поради офсајд со директна судиска одлука.

Елиф Елмас и на оваа средба беше на клупата, но доби шанса во последните десетина минути.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата