Дури и пред усвојување на новите мерки за помош на најзагрозените Американци, Трамп според анкетите го намали заостатокот позади Бајден кога станува збор за поддршката на гласачите.

Четирите нови мерки, кои Америка досега ги немаше спроведено, би можеле да бидат одличен адут на сегашниот претседател на САД во изборната кампања.

На изненадување на јавноста, а особено на демократите, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша четири извршни уредби, уште еден пакет за помош, пред се за населението, вреден една илјада милијарди долари.

Така, Трамп со уредбите застана на патот на играта на демократите во Претставничкиот дом на Конгресот, кои не сакаа да го прифатат неговиот предлог пред летната пауза. Пресметката дека ако им наштетат на најтешко погодените граѓани, тие всушност ќе му наштетат на Трамп се покажа како погрешна.

Значи, невработените ќе продолжат да добиваат финансиска помош која, наместо претходните 600 долари неделно, ќе изнесува 400 долари. Државите на САД ќе покриваат 25 проценти од трошоците, а федералната влада 75 проценти.

Оние со годишни приходи од помали од 100.000 американски долари ќе добијат пауза во плаќањето данок на доход. Продолжено е одложувањето на наплатата на студентски заеми, како и мораториумот за иселување на станарите кои не можат да платат кирија.

Четири мерки на Трамп – Големи адути во кампањата

Економистот Зоран Грубишиќ смета дека таков пакет социјална помош е целосно некарактеристичен за Америка.

– За американскиот систем на функционирање, нивниот пазар, од американски причини, тоа е невообичаено, затоа што тука има значајни компоненти на социјалната политика. Очигледно, без значителна категорија на население, кое учествува во потрошувачката, не можете да ја извадите економијата од кризата, вели професор Грубишиќ кој работи на академијата за банкарство во Белград.

Идејата, како што вели, е да се зголеми агрегатната побарувачка и да се одложат сите даночни и други обврски што ги имаат како економијата така и населението и тој товар да се распредели повеќе рамномерно.

Овој нов пакет ќе бара илјада милијарди долари во ситуација кога американската економија е на колена, а БДП е во дефицит од повеќе од 30 проценти. На прашањето колку може да биде ризично сето ова, особено имајќи го предвид американското печатење пари, Грубишиќ одговара:

– Секако дека е ризично. На долг рок, прашањето е дали ќе се постигнат посакуваните ефекти, а сепак вие ја зголемувате количината на пари во оптек и можете да извршите притисок на пазарите. Но, тоа е американскиот начин – тие се обидуваат психолошки да влијаат на закрепнувањето со силни пораки. Тие пари не се ни ефикасни. Ова се одобрени заеми до одредени граници и тоа е повеќе дигитална економија отколку ефективна.

Конгресмените зборуваат, а претседателот дејствува

Според адвокатот Бранко Павловиќ, добар познавач на американската ситуација, овие нови мерки ќе бидат многу голем адут за Трамп во предизборната кампања.

– Ако успее тоа да го реализира и ако се појави како единствена личност што се грижи за сиромашниот свет и му овозможува некако да преживее, тоа ќе биде многу голем адут за изборите. Конгресмените и сенаторите зборуваат, а граѓаните не добиваат ништо затоа што не можат да се договорат, а потоа претседателот реагира и граѓанинот добива нешто. Значи, се на се, тоа е позитивен потег за Трамп, вели Павловиќ.

Тој забележува дека демократите веќе ги објавија своите последни мерки, тврдејќи дека во сојузните држави каде се на чело, не можат со 25 проценти да помогнат на своите сограѓани во невоља. Во исто време, за пакетот на Трамп од илјада милијарди, предлагаа да изнесува дури и повеќе од три илјади милијарди долари.

– Тие не би позајмиле за да можат да тврдат дека нивната способност во решавање на проблемите на граѓаните е феноменална. Тоа е демагошка игра што е, патем, сеприсутна во американската политика, но овој пат ми се чини дека ќе оди повеќе во корист на Трамп, вели тој.

Уцената на демократите не помина

Колумнистката „Недељник“, Љиљана Смајловиќ, вели дека демократите во Претставничкиот дом пресметале дека го ставаат Трамп во потешка позиција со тоа што не се согласиле со неговиот нов пакет помош од илјада милијарди долари, покажувајќи му дека го контролираат тој дом можат да го уценуваат претседателот.

Сигурно е дека на невработените Американци им било тешко да ја примат веста дека веќе не можат да сметаат на помошта на државата, без која би им било тешко да преживеат.

– Ми се чини дека ако демократите не ја поништат одлуката на суд, тоа може да се направи со декрети. Трамп тоа го одигра доста вешто затоа што на сите им беше јасно дека станнува збор за уцена. Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, дури и рече – Знам колку е од  суштинско значење за вас да ја проширите помошта на невработените, ќе се обидам да ве натерам да ја промените вашата политика, да ви покажам дека ние демократите можеме одлучно да влијаеме на мерките за помош на невработените дури и пред да се смени Претседателот, забележува Смајловиќ.

Демократите се обидоа да му завртат рака на Трамп, но ништо особено важно нема да се промени во пропорциите на луѓето во расположението кон Трамп, односно Бајден. На краток рок, Трамп добро реагираше на уцената на Ненси Пелоси,  според Смајловиќ

Колку може да им се верува на анкетите

Новата анкета на агенцијата Расмусен покажа дека Бајден се уште има поголема поддршка на гласачите, но дека јазот е намален. Претходно, тој сооднос беше 48 проценти поддршка на анкетираните гласачи за Бајден во однос на 42 проценти за Трамп, а сега е од 48 на 45 насто.

Коментирајќи ги тие информации, Смајловиќ вели дека Расмусен е агенција која традиционално е нешто поповолна за републиканците и дека Трамп стои подобро кај нив отколку кај другите, но исто така забележува дека анкетата е спроведена пред најновиот пакет мерки за поддршка на ранливите граѓани.

Американските аналитичари намалувањето на разликата го припишуваат на фактот дека Трамп започна повторно да се појавува на дневните прес-конференции поврзани со Ковид, но и затоа што тој има нов началник на кампањата кој го убеди да го смени ставот кон епидемијата што во моментов најмногу штети на неговиот рејтинг.

Сепак, Смајловиќ потсетува дека пред четири години на сите анкети се велеше дека Трамп ќе изгуби, па можеби не треба да им се посветува премногу внимание.

– Во анкетите, луѓето исто така велат дека мислат дека многу од нивните соседи и познаници тајно имаат намера да гласаат за Трамп, иако тие нема да го кажат тоа јавно. Пресметано е дека има процент од граѓани кои не сакаат да се изјаснат како негови гласачи на изборите бидејќи медиумите се ужасно лоши кон Трамп. Луѓето, вели таа, не се осмелуваат да го кажат тоа што мислат, затоа што има ужасен притисок да се изразите на начин што сега е дозволено само, а тоа е да бидете поддржувач на многу офанзивната политика на анти-расизмот.

И кога ќе се воспостави таква политичка линија, како и во минатото, партиската линија од која не смееме во најмала рака да отстапуваме, тогаш скокаат на секој што се уште не го научил овој нов јазик на едноумието и што создава чувство на заплашување на јавноста, заклучува Смајловиќ.

Ало.рс