Денеска и утре (19 и 20 февруари) во Скопје ќе се одржи четвртата средба на заедничката мултидисциплинарна комисија на Република Северна Македонија и Република Бугарија за историски и образовни прашања. На средбата е предвидено да продолжат дискусиите по точките од минатата средба кои се однесуваат на одбележување на јубилеи поврзани со потенцијални историски личности и настани кои би претставувале мост на поврзување помеѓу народите на двете држави.

Истовремено, на средбата во Скопје ќе се продолжи со дискусијата по забелешките за учебниците по историја во насока на надминување на спорните историографски толкувања на минатото.

извор: Makfax