На Клиниката за инфективни болести во Скопје од грип од типот А почина маж на возраст од 43 години.Според д-р Валерија Кирова -Урошевиќ, специјалист инфектолог, ова е четврта жртва на вирусот на грип сезонава.
-Пациентот бил примен на Клиниката на 16 февруари во исклучително тешка состојба, а починал на 17 февруари и покрај преземените мерки за интензивно лекување. Претходно тој боледувал од тешки невролошки заболувања – вели д-р Кирова Урошевиќ.
На Клиниката во моментот се хоспитализирани тројца пациенти во критична состојба. Амбулантски во текот на 24 часа се прегледуваат и по стотина пациенти.
Само последната недела во земјава биле регистрирани над 2.400 грипосани лица.
Од Институтот за јавно здравје информираат дека бројката на грипосани оваа сезона се искачи над 8.000 заболени, а само 80% од инфицираните се за последните три недели. (В.Ма.)