На Клиниката за инфективни болести почина пациент од сезонски грип. Како што информираат од Клиниката, пациентот подолго време бил во тешка здравствена состојба, а инфлуенцата предизвикала компликации во комбинација со хронични болести.

Ова е четврта жртва на грип, што во земјава почина оваа сезона. Според лекарите нема место за паника бидејќи се работи за период од годината кога грипот е актуелен. Минатата недела од Центарот за јавно здравје соопштија дека 2400 луѓе биле со симптоми на грип, а најмногу од заболените се со вирусот Х1Н1.

(В.Ма.)